Двајца спортисти од југот, од Богданци настапија на годинашното издание на „Струмина треил 2024“ во боите на АК „7 Ноември“ и ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија.
Валентина по трет пат настапува на трката „Струмина треил“ долга 19 километри со елевација од 950 метри надморска висина.
Таа годинава пристигна прва во својата категорија „жени 55+“ и 21 во севкупна женска конкуренција.
Валентина трасата низ висините на Ново село-Липов дол-Штип ја истрча за време од 2:27:29 часа, или во просек 7,32 km/h, односно еден километар во просек истрчала по 8,11 минути.
Валентина по трет пат се искачува на подиум на трката „Струмина треил“. Во 2022 го освои ВТОРОТО место, а во 2023 и годинава 2024 го освојува ПРВОТО место во својата категорија.
Методија Ичев настапи како член на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија и постигна задоволителен резултат на трасата со време од 2:01:15 часа, во просек темпото на трчање го одржувал во ритам од 8.91 km/h, или за секој километар му било потребно време од 6:44 min/km. Ова го донесе на 68-то место од вкупно 223 натпреварувачи на „Струмина треил“.
Трката беше интернационална, на истата настапија натпреварувачи од Грција, Шпанија, Велика Британија, САД, Косово.
Времето беше сончево, пријатен есенски ден, за разлика од лани кога низ патеката спортистите ги дочека вистинска снежна бајка со снежна стаза и свежо обелена околина.
Честитки за успехот и на двајцата спортисти од југот!