Вчера попладне во Полициска станица Гевгелија пријавено е физичко насилство.
Пријавител е Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија кој на службените лица во ПС Гевгелија им се обратил вчера, на 24.11.2024 година, во 17:30 часот за да пријави физичко насилство кое се случило околу пладне во Медицинскиот центар во Гевгелија.
Во пријавата Р.Ц. навел дека околу 12:00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија.
Во полицискиот билтен не е наведено кои се причините помеѓу двајцата вработени во Итната медицинска помош при Општа болница Гевгелија за да дојде до физичко насилство.
Од Полициска станица Гевгелија преземаат мерки за расчистување на случајот, јавува МВР.