Синоќа во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која млада гевгеличанка се здобила со тешки телесни повреди.
На 27.11.2024 во 22:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „Тојота Ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Скопје, удрило во Б.М.(22) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жителката од Гевгелија, 22 годишната Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Изгледа се’ уште дел од возачите на автомобили не научиле дека треба да ги пропуштат пешаците на пешачи премин.