петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СВЕТ Балкан

ВИДЕО: Новоизграденото МЕТРО во СОЛУН конечно се отвара за граѓаните

Со должина од 9,6 километри и 13 станици, првата линија на метро се очекува да превезува околу 254.000 патници дневно

ноември 30, 2024
in Балкан, СВЕТ
ВИДЕО: Новоизграденото МЕТРО во СОЛУН конечно се отвара за граѓаните
0
SHARES
305
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По речиси две децении планирање и изградба, во недела на 1 декември во Солун официјално ќе биде отворена првата линија на метрото, која ќе ја воведе северна Грција во нова ера на транспортна инфраструктура. Изградбата на солунското метро беше придружена со бројни предизвици, од откривање на вредни археолошки локалитети до финансиски тешкотии, што резултираше со повеќекратно одложување и продолжување на роковите. Но, и покрај пречките, метрото сега е подготвено да го промени секојдневниот живот на жителите и да го олесни движењето на многубројните туристи кои го посетуваат градот.

Солунското метро се рангира меѓу најсовремените метро системи во Европа, користи најсовремени технологии и е изградено со високи стандарди за квалитет и безбедност, пренесува grčka.info.

Related posts

САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

јуни 22, 2025
Околу 2.000 луѓе во Израел останале без покрив над главата

Околу 2.000 луѓе во Израел останале без покрив над главата

јуни 17, 2025

Со должина од 9,6 километри и 13 станици, првата линија на метро се очекува да превезува околу 254.000 патници дневно.
Продолжението на линијата на метрото до Каламарија треба да биде отворено кон крајот на следната година, а има планови мрежата да се прошири и на западните и северните области на Солун. До 2040 година, метрото треба да оди и до меѓународниот аеродром.

Модерни ескалатори во подземната железница (метро) во Солун

Патувањето низ целата траса ќе трае само 17 минути, додека 18 воза без машиновозачи ќе тргнуваат на секои 2 и пол минути за време на шпицот на сообраќајот, што значително ќе го намали метежот и ќе овозможи побрз и поефикасен превоз низ градот.

Цената на билетот за метро во првите шест месеци ќе биде 60 центи, а децата до 6 години ќе се возат бесплатно.

Билетот важи седумдесет (70) минути од моментот на валидација при првото качување и има можност за неограничено користење во метро во тој временски период.

Возови без возач

Управувањето со Солунското метро е доверено на конзорциумот THEMA, француско-италијанска компанија со долгогодишно искуство во водење на современи системи со напредни безбедносни технологии и автоматизација. Овој метро систем има безбедносно ниво 4, што овозможува работа без возач. Сепак, во секој воз ќе има присутен персонал кој во случај на проблем, како што е прекин на струја или технички дефект, рачно ќе го води составот до следната станица.

Воз од модерното метро во Солун

Изградбата на метрото чини најмалку три милијарди евра.

Денеска, прво возење со метрото имаше премиерот на Грција Мицотакис со членови од Владата.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Анди Исмаили од Mакедонија е светски шампион во танц по петти пат

Next Post

Наврнати 84,3 литри дожд на 1м2 изминатото деноноќие во Гевгелија

Next Post
Наврнати 84,3 литри дожд на 1м2 изминатото деноноќие во Гевгелија

Наврнати 84,3 литри дожд на 1м2 изминатото деноноќие во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Приведен гевгеличанец – бегалец од Затвор Гевгелија

Малолетник заработи Кривична пријава за тероризам

2 години ago
„Вкуси го југот“ по втор пат во Гевгелија

„Вкуси го југот“ по втор пат во Гевгелија

12 месеци ago
Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

6 месеци ago
Соборен Гинисов рекорд во Белград

Соборен Гинисов рекорд во Белград

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist