Небото викендов ја почести земјата со благороден дожд, на повисоките места врнеше снег.
Утрово најстудено е во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево каде температурата е измерена -2 степени.
Во Гевгелија наврна 84,3 l/m2 дождовна водена маса за последните 24 часа. Ако се земат во тредвид и 30 литри дожд во петокот спрема саботата произлегува дека викендов земјата на Гевгелија примила околу 115 литри дожд за последните 48 часа.
Најмногу дожд во последниве 24 часа наврнало во Демир Капија, дури 127 l/m2.
Следуваат 96 l/m2 Попова Шапка, 79 l/m2 Кавадарци, 69 l/m2 Прилеп, 61 l/m2 Битола, 55 l/m2 Пожаране, 52 l/m2 Струмица, 48 l/m2 Скопје-Петровец, 43 l/m2 Штип, 42 l/m2 Маврови Анови, 39 l/m2 Куманово, 35 l/m2 Претор, 34 l/m2 Берово, 33 l/m2 Тетово, 29 l/m2 Скопје-Зајчев Рид, 27 l/m2 Дебар, 25 l/m2 Велес, 18 l/m2 Охрид, Виница, 15 l/m2 Крива Паланка.
Снежната прекривка изнесува 61 сm во Маврови Анови, 44 сm Крушево, Попова Шапка, 15 сm Дебар, 14 сm Претор, 7 сm Берово, 4 сm Битола.
Поради врнежи од снег забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово, информира АМСМ.
Утрово во 07:50 часот нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид – Кичево, односно планинскиот превој Пресека и обратно.
Потсетување дека зимската опрема во возилата е задолжителна.