Карате триото составен од Тијана Гоцкова, Јована Дичева и Симона Дичева вчера на Државното првенство за кадети, јуниори У21 освоија ПРВО место и станаа ДРЖАВНИ ШАМИОНКИ во категоријата „ката тим“.
Со тоа овие каратистки од гевгелискиот клуб „Армор“ се пласираа за учество на ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО кое ќе се одржи во Полска во Февруари 2025 година.
Тијана, Јована и Симона по четврти пат годинава успеваат да го освојат највисокиот подиум во категоријата „ката тим женски“, три пати на турнири до сега, а вчера и на Националното првенство што се одржа во Скопје во конкуренција од 52 тима од државата. Со тоа гевгелиските каратистки од „Армор“ докажаа дека се неприкосновени носителки на епитетот „НАЈДОБАР Ката тим“, а со тоа и ШАМПИОНКИ во својата категорија.
Еве, успесите во спортот ги водат и на Европско споделување на искуството, одмерување на квалитетите во европска конкуренција.
На Националното првенство вчера од КК „Армор“ во категоријата “Ката Поединечно” настапија: Андреј Мишков, Симона Атанасова, Тијана Гоцкова, Јована Дичева и Симона Дичева. Од нив се истакна Симона со освоено 5-то место во категоријата ката поединечно јуниорки.
Ова е најголемиот успех на КК „Армор“ со достигнувањата на ДП 2024 и пласманот на ЕП. Честитки за девојките и за нивниот тренер Ристо Брзанов.