недела, 1, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

ВИДЕО: Нова инвестиција вредна 2,7 милиони денари во Психијатриска болница Негорци

Зелена енергија од сончеви панели ќе се произведува за Психијатриска болница Негорци

декември 2, 2024
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА, ФОКУС
ВИДЕО: Нова инвестиција вредна 2,7 милиони денари во Психијатриска болница Негорци
0
SHARES
196
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Зелена енергија од сончеви панели ќе се произведува за Психијатриска болница Негорци.

Овој проект е усвоен од Управниот одбор на болницата, а денеска беше потпишан Договор за набавка и монтажа на панели за фотонапонска енергија за потребите на Психијатриска болница.

Related posts

Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија

Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија

мај 30, 2025
„РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае

„РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае

мај 30, 2025

Инвестицијата вредна 2.698.976 денари е сопствен влог на болницата.
Се очекува со ставањето во функција на фотонапонските панели болницата сама да произведува електрична енергија за своите потреби, а трошоците за енергија да ги намали за 60%. Со тоа Психијатриската болница во Негорци, Гевгелија ќе биде прва јавна здравствена установа во државата со ваков економско-енергетски инсталиран систем.

За карактеристиките на новиот проект за GevgelijaNet изјава дадоа Сашо Стојиловски, директор на ЈЗУ Психијатриска болница Негорци, Гевгелија и Илија Стафилов, директор на фирмата изведувач ДПТУ “Стафилов Солар” ДООЕЛ од Кавадарци.

Се работи за набавка на 100KW фотонапонска централа со панели од 405 V или вкупно 250 панели. Во рамки на набавката се предвидени и 4 инвертори од по 25 KW.

– „Претходно беше спроведена постапка за јавна набавка на која беа поднесени вкупно 2 понуди. Критериум за избор беше цената 70 поени и квалитетот 30 поени. Во однос на квалитетот, се изврши бодување на гарантниот рок кој го понудија понудувачите и тоа:
– Гаранција на изведба
– Гаранција на инвертер
– Гаранција на панели
Носителот на набавката Стафилов Солар Дооел Кавадарци имаше понудено пониска цена од вториот понудувач, за што доби максимален број бодови, а истот така имаше понудено и подолг период на гаранција, односно имаше понудено 10 години како гаранција на изведба, 10 години како гаранција на инвертер и 30 години гаранција на панели за што доби исто така максимален број бодови“, изјави за GevgelijaNet директорот Стојиловски.

Рокот на изведба на работата е 10 дена од денот на воведување во градба.

Со новата фотоапонска инсталација со електрична енергија од сопствено производство ќе се снабдуваат сите одделенија на болницата

Во разговор со директорот на ЈЗУ Психијатриска болница-Негорци, Гевгелија бевме информирани дека се планира во иднина да се набави и батерии кои ќе вршат акумулација на вишокот на електрична енергија со цел да се обезбеди што поголема енергетска независност на институцијата.

Во однос на исплатливоста на овој проект, по направени анализи од страна на инвеститорот, се очекува најмногу до две години да биде исплатена инвестицијата, односно инестираните средства да бидат повратени, а во иднина да се почувствува и бенефитот од самата инвестициија.

Психијатриска болница Негорци – управна зграда
ShareTweetShareSend
Previous Post

Нивото на Дојранското езеро порасна за 6 cm

Next Post

Исплата на К-15 до крајот на годината, налага законот

Next Post
Исплата на К-15 до крајот на годината, налага законот

Исплата на К-15 до крајот на годината, налага законот

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Граѓаните незадоволни од заканите на пекарите – „Ќе месиме сами леб“

Граѓаните незадоволни од заканите на пекарите – „Ќе месиме сами леб“

2 години ago
Премија од 1.000.000 денари за младинската ракометна репрезентација на Македонија  за 9 место на ЕП одобри РФМ

Премија од 1.000.000 денари за младинската ракометна репрезентација на Македонија за 9 место на ЕП одобри РФМ

10 месеци ago
Гевгеличанката Драгица Митрова прогасена за МВП во Малта

Гевгеличанката Драгица Митрова прогасена за МВП во Малта

8 месеци ago
Прв фестивал на Југоисточен регион се одржа денес во Богданци

Прв фестивал на Југоисточен регион се одржа денес во Богданци

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија
  • „РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае
  • Се запали локомотивата од воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија

Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија

мај 30, 2025
„РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае

„РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае

мај 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist