Изобилство од вода со брз и природен жубор кој значи надојден водотек во Петрушка река кај с.Петрово е видно деновиве после обилните врнежи од дожд во гевгелиско.
Наврнатите 130 l/m2 дождовна маса овој викенд ја подобрија хидролошката состојба на водотеците во општината.
Оваа река извира од Кожуф планина, кај местото наречено Главата. Реката Петрушка за жителите на Петрово и Габрово се’ до Милетково, гевгелиско се користи како главен јаз за наводнување на посевите во подкожувјето.
Петрушка река после брзите вијугави движења по Кожуфските стрмнини се влева во Стара река, а таа низ својот краток тек станува десна притока на Вардар и оттука со мирен тек протекува и покрај Гевгелија.
Природата дарува, да е за благород!