И покрај оргомната елементарна непогода со поплавите во Валенсија годинава, градот дочека 36.748 учесници на годинашниот маратон и многу спортски љубители.
Атлетичарот од АК “7 Ноември” Гевгелија Драган Ристов ја истрча 42 km маратонска траса за 4:19:07 часа.
– „Ова беше трет маратон за мене после Атина минатиот ноември и Прага во мај годинава”, изјави Драган за GevgelijaNet.
Тој годинава истрча рекордни 25 трки, од кои 2 маратони, една трка на 30 километри и 7 полумаратони.
– „Како аматер, за мене трчањето претставува момент за уживање, на запознавање на нови луѓе, посета на нови места, на физичка активност и пред се’ на себенадминување. Трчајте, прошетајте и уживајте во себенадминувањето!” – порачува гевгелискиот атлетичар Ристов, еден од оснивачите на АК “7 Ноември” и креатор на “November Run”.