понеделник, 1, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

Денот на Свети Климент Охридски 8 декемви - се слави неговото име и дело - Свети Климент Охридски е првиот македонски архиепископ во исто време е творец на далеку познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог

декември 8, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Македонија го празнува Свети Климент Охридски
0
SHARES
24
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Македонија денес го чествува св. Климент Охридски, најистакнатиот ученик на солунските браќа Св. Кирил и Методиј и учесник во извршувањето на познатата просветителска мисија во Велика Моравијa.

Со денешниот празник се одбележува делото на првиот словенски писател и просветител и првиот словенски епископ. Заедно со Наум Охридски, Свети Климент е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравијa.

Related posts

Лишени од слобода жители на Богданци, Штип и Кр.Паланка

Лишени од слобода жители на Богданци, Штип и Кр.Паланка

август 29, 2025
Запленета дрога на ГП „Богородица“, криумчарката „заработи“ Кривична пријава

Запленета дрога на ГП „Богородица“, криумчарката „заработи“ Кривична пријава

август 27, 2025

Свети Климент е основач на познатата Охридска книжевна школа која е наречена уште и прв словенски универзитет, каде што се образувале над 3 500 ученици. Паралелно со црковната и со педагошката дејност се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Нему му се припишува авторството на опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа.

Споменик на Св.Климент Охридски во центарот на Охрид

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проcветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св. Ѓорѓи, Св. Тома, Св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Во чест на св. Климент Охридски, секоја година во Собранието на РМ се доделува државната награда „Св. Климент Охридски“ за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството. Денес многу институции, училишта и здруженија го носат името на св. Климент. Една од тие институции е и вториот македонски државен универзитет во Битола.

Свети Климент починал во Охрид, во 916 година.

Се претпоставува дека Св. Климент е роден околу 830/840 година. Починал на 9 август во Охрид. Бил погребан во гробот што самиот си го подготвил во црквата „Св. Пантелејмон.“ Уште за време на животот Св. Климент својот именден го празнувал на денот кога Светата христијанска црква го празнувала споменот на Светиот свештеномаченик Климент папа Римски на 8 декември. Поради тоа подоцна Светата црква главниот празник поврзан со неговото име го поместила на денот на неговиот именден, а на денот на неговото упокоение, 9 август, се празнува споменот на Светите седмочисленици (Светите Кирил и Методиј, Климент, Наум, Ангелариј, Сава и Горазд), како и споменот на Светиот великомаченик Пантелејмон.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Парична награда за шумските работници од Општина Гевгелија

Next Post

ДОЈРАН ПРАЗНИЧНО

Next Post
ДОЈРАН  ПРАЗНИЧНО

ДОЈРАН ПРАЗНИЧНО

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Македонија со победа го започна Европското првенство во одбојка!

Македонија со победа го започна Европското првенство во одбојка!

2 години ago
Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на македонски јазик

Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на македонски јазик

3 години ago
Започна асфалтирањето на надвозникот во Гевгелија

Започна асфалтирањето на надвозникот во Гевгелија

3 месеци ago
ВИДЕО: „СЕДИ ДОЛУ, ПИ*КА ТИ МАТЕРИНА“! Скопјанец совладал терорист

ВИДЕО: „СЕДИ ДОЛУ, ПИ*КА ТИ МАТЕРИНА“! Скопјанец совладал терорист

1 месец ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале
  • Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска
  • ВИДЕО: Во Гевгелија се одржа првиот турнир во „Goalball”

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале

Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале

август 31, 2025
Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска

Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска

август 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist