Младиот Антонио има 12 години, ученик е од Стојаково, ноемвриски победник на детската трката од 1 km на “November Run” во Гевгелија, а денеска на Балканско првенство во Софија освои трето место на трка од 600 метра.
Со тоа овој млад и надежен атлетичар од југот се квалификуваше за Европско првенство, што треба да се одржи во Будимпешта во Февруари 2025 година.
Стојачани со радост ја примија веста за нивниот млад сограѓанин кој од шега освојува подоуми и медали.
Ова е победа за Антонио, за атлетскиот југ, за Македонија!
Честитки и само напред Антонио!