Управата за хирометеоролошки работи на Македонија известува дека утрово во 07 часот најтопло било во Гевгелија со измерени 6.1°C, а најстудено во Крушево со температура од 0.5°C.
Интересно е што ноќта беше потопла од утрото, во 01 часот после полноќ температурата во Гевгелија беше 8°C, а до изутрина во 7 часот падна за речиси 2 степени.
Најавените дождови кои пристигнаа вчера попладнето кај нас во државата донесоа, за изминатите 24 часа дождови во речиси цела република. До 07 часот најмногу дожд наврна во Гевгелија и Дебар, по 19 l/m².
На повисоките места врнежите беа со снег. Така, висина на снежна покривка во 07 часот (во cm) изнесува: 47 Попова Шапка, 36 Маврови Анови, 12 Крушево.
За денеска метеоролозите не најавуваат изненадувања. Температурата во Гевгелија до 14-от степен од целзиусовата скала без изненадувања од врнежи.