Пред 10 месеци беше на биолошкиот минимум, а деновиве со наврнати 160 l/m2 воден талог за една недела, започна природно да се полни.
Браната Паљурци се наоѓа на 3,5 km возводно од Богданци изградена во 70те години на XX век. Максималниот капацитет и’ е 3.000.000 м3 вода со можност да опслужува 550 хектари земјоделско земјиште за наводнување.
Тоа е земјена насипна брана која е лоцирана на 9 km од вливог на р.Луда Мара во Вардар.
Околниот простор е урбано уреден за викенд посетители, за рибари рекреативци за пик-ник седенки. Зеленилото и ширината на простотот со мирната езерска вода имаат смирувачки тон за секој добронамерник. Дури и животните се овде гостољубиви и со радост ги пречекуваат новите дојденци.
Паљурци – место за седенка и спокој