Синоќа, 12.12.2024 околу 22:45 часот во близина на с.Чалакли, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци.
При контрола на патничко возило „Форд“ со радовишки регистарски ознаки, во кое бил сопатник, била извршена проверка во оперативната евиденција и било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.
МВР денеска јавува за уште еден случај на гонење на кривична одговорност за жител на Гевгелија.
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.А.(25) Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“.
Пријавениот, во пет наврати, направил пет невистинити испратници и фактури, на начин што во испратниците внел лични податоци на четири физички лица од општина Гевгелија, Богданци и Валандово, при што дал лажен податок дека на физичките лица им продал земјоделски производи кои ги употребил во правниот промет, со што нанел штета на правен субјект од Гевгелија во износ од околу 62.000 денари.