И годинава во пресрет на празниците хуманите жени од Здружението „Православна жена“ од Гевгелија ја продолжуваат традицијата на добротворство со организирање на Хуманитарен добротворен Базар „Свети Никола дарува, Свети Никола подарува“.
Базарот се одржува 8-ма година по ред во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Гевгелија.
Учесници на овој можат да бидат сите граѓани со срце да помогнат некому пред престојните празници со донирање на храна, продукти за домаќинството, домашни или рачни изработки.
Настанот ќе се одржи во дворот на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Гевгелија на 15 декември, недела.
Своите донации граѓаните можат да ги достават до црквата најдоцна до сабота, 14 декември.
Сето приложено со добра мисла ќе биде спакувано и донирано на лица со социјален ризик, жители од нашата заедница.
Затоа од Здружението „Православна жена“ и од Гевгелиското све[тенство ги повикуваат граѓаните за учество во Хуманитарниот добротворен Базар со пораката:
– „Да бидеме хумани и да се придружиме на хуманитарниот базар во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Гевгелија. По молитвите на Sвети Никола, Господ да ни ги услиша сите молитви!“