Синоќа на двочасовна терапија со магичниот доктор за смеа Дејан Малзарков беше изложена публиката во полната сала од Народниот театар во Гевгелија.
Новогодишната терапија доаѓа после 10-ци скеч терапии, меѓународни гостувања и извоз на гевгелискиот хумор меѓу нашинците во светот.
На големиот настан имаше и големи гости: Френк Синатра како предгрупа и Никола Груевски, специјален гостин. (Не, не,… ова било реклама за продажба на картите… н.з.)
Но, насмевките зборуваат дека никој не е разочаран од скеч-терапијата и сите заминаа дома здрави и озарени во лицата.
Виновници за целиот склоп од хумор:
Дејан Малзарков, Димитар Новаков и Димитар Попов