среда, 20, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ВИДЕО: Новогодишен Јубилеен генерациски концерт „20 години Ансамбл Бојмија“ Гевгелија

„Бојмијци“ иако срцата ги оставија на сцената со својата игра, душата уште им се радува од изнесеното на сцена од нивна страна, од приемот на публиката и заслужените аплаузи како награда. Честит јубилеј, да ви се множат настапите, успесите, радостите!

декември 17, 2024
in ФОКУС
ВИДЕО:  Новогодишен Јубилеен генерациски концерт „20 години Ансамбл Бојмија“ Гевгелија
0
SHARES
426
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија во неделата одржа голем генерациски концерт посветен на нивниот јубилеј 20 години од формирањето на Ансамблот.

Активното негување и презентирање на македонскиот фолклор, музичките изведби на ора и песни со народни инструменти, стамените и разиграни концерти низ дводецениското постоење на фолклорниот ансамбл „Бојмија“ ја збогатуваат културната понуда на Гевгелија, а исто и несебично ја презентираат со учество на меѓународни фолклорни фестивали.

Related posts

ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО !

ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО !

август 19, 2025
ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025

Гевгелиската публика уживаше во настапот со ора од познатите кореографски изведби што ги играат генерациските следбеници и поранешни активни членови на „Бојмија“. Не ги заборавиле чекорите, тактот, и со својата експресија ја понесоа и публиката на фолклорно патување низ Македонија и Гевгелија.

Еве дел од изведбите на разиграните играорци:

Koj ќе ги затреси штиците кои значат живот (сцената), ако не момчињата со своето брзо, снажно, сигурно оро и ударот од брзите стапки иако со меки опинци на сценскиот подиум. Таа енергија ја осети и публиката во големата сала на Народниот театар и на играорците им испрати громогласен аплауз.

На оро сред село младите некогаш се среќавале, се бендисувале, со оро се закажувала веридба, со оро се започнува свадбена веселба, орото е синоним за веселба и начин на сеопшто славење кај нас во Македонија. Вака стројно, со оро за заљубување играа и членовите на „Бојмија“ на својот концерт.

Радоста од концертниот настап трае и после концертот, зошто „бојмијци“ иако срцата ги оставија на сцената со својата игра, душата уште им се радува од изнесеното на сцена од нивна страна, од приемот на публиката и заслужените аплаузи како награда. Друга награда нема, А, и милината во душата која ќе ги грее со денови, и тоа е награда која самите ја заслужиле.

Честит јубилеј, да ви се множат настапите, успесите, радостите!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Селско месо под воздухот на Круша со планинаскиот готвач Џоле

Next Post

Улица „Павел Шатев“ Гевгелија – мерка на остварувањата и мерка на ненаплатените побарувања на Општината

Next Post
Улица „Павел Шатев“ Гевгелија – мерка на остварувањата и мерка на ненаплатените побарувања на Општината

Улица „Павел Шатев“ Гевгелија - мерка на остварувањата и мерка на ненаплатените побарувања на Општината

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Денес 20 ноември е Светски ден на детето

Денес 20 ноември е Светски ден на детето

2 години ago
Собранието ја изгласа Техничката Влада

Собранието ја изгласа Техничката Влада

2 години ago
ВИДЕО: Патека на движење на „November Run Gevgelija“

ВИДЕО: Патека на движење на „November Run Gevgelija“

10 месеци ago
Цвеќе за гевгелиските првоборци Васо, Алеко, Деко и за стреланите од Конско и Негорци

Цвеќе за гевгелиските првоборци Васо, Алеко, Деко и за стреланите од Конско и Негорци

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ПРВО место за ансамбл „Бојмија“ Гевгелија за најдобра народна носија на ИФФ „Stig Fest“
  • ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО !
  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ПРВО место за ансамбл „Бојмија“ Гевгелија за најдобра народна носија на ИФФ „Stig Fest“

ПРВО место за ансамбл „Бојмија“ Гевгелија за најдобра народна носија на ИФФ „Stig Fest“

август 19, 2025
ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО !

ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО !

август 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist