Предновогодишното натпреварувачко годишно финале на студиото за танц „SWEET DANCE“ од Богданци им донесе нови подиуми и нови награди на меѓународниот танцов фестивал DANCE JAM во Златибор, Србија.
На фестивалот настапија со четири формации: мини, кидс, кидс и јуниори и сите се закитија со награди и дипломи за учество.
Конкуренцијата беше илјадна, а во своите категории танцовите групи од Богданци се соочија со повеќе натпреварувачки групи од Србија, Црна Гора, Романија и Македонија. Сепак, играта им беше извонредна, заразна за публиката која вриштеше на нивните настапи, а тоа е поен повеќе во одлуката на жирито дека го пронашле темпото, музиката и танцовиот ритам за да бидат воодушевувачки на сцената.
Еве ги насмевките на првите победнички и носители на пехар за освоено ПРВО место во категоријата „мини“ – A Hip Hop Formation Mini Kids на студиото „SWEET DANCE“.
Во многу силна конкуренција на интернационалниот фестивал DANCE JAM – Златибор се’ вкупно девојчињата и девојките од „SWEET DANCE“ ги освоија следните награди:
🔸️1 place – A Hip Hop Formation Mini Kids
🔸️1 place – B Hip Hop Formation Children
🔸️2 place – A Street Dance Show Formation Children
🔸️5 place – A Hip Hop Formation Juniori
Погледнете кaко изгледа победничката радост:
– „Ова е за нас уште едно убаво искуство. Од Златибор се враќаме со награди. Ова за нас е секако мотивација повеќе и желба за уште поголеми успеси … среќни деца и горда наставничка“ – изјави Тина Тренчевска, кореограф, ментор и наставничка по танц во студиото „SWEET DANCE“.
Дека квалитетот е препознаен и оправдано награден зборува и фактот што минатиот месец танцовото студио „SWEET DANCE“ освои четири награди, четири пехари на меѓународниот фестивал „DANCE OFF 2024“ што се одржа во Скопје. Надмоќноста на својот танц ја докажаа и на танцовиот натпревар во Србија, што се одржа од 12 до 16 декември во Златибор, исто така во силна меѓународна конкуренција.
Танцовото студио „SWEET DANCE“ од Богданци освои 4 подиума на „DANCE OFF“
Што да им посакаме на овие успешни деца освен многу радост во нивната посветена игра, многу успешни настапи на сцена, поголема самодоверба во себедокажувањето и да се стремат кон пиедесталот во животот!
СРЕЌНО!