Зонски натпревар во кошарка за женски помеѓу средните училишта се одржа вчера во Велес, во спортската сала на Гимназијата, а на истиот учествуваа средни училишта од Гевгелија, Велес и Богданци.
По одиграните натпревари победник е женската кошаркарска екипа составена од гевгелиски средношколки од СОУ „Јосиф Јосифовски“.
Конечниот пласман е следниот:
1 место: ССОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
2 место: ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес
3 место: СОУ „Богданци“ – Богданци.
Професор-ментор на ученичките од Гевгелија е Влатко Семенаков.
Со победата женскиот средношколски тим од Гевгелија се пласира за учество на регионалните натпревари во кошарка, кои најверојатно ќе се одржат следната година.
Организатор на натпреварите е Федерацијата на училишни спортови на Македонија.