За 10 дена од потпишувањето на договорот за изведба со фирмата изведувач ДПТУ “Стафилов Солар” ДООЕЛ од Кавадарци на кровот од болничките одделенија на ЈЗУ „Психијариска болница Негорци“ Гевгелија поставена е фотоволтаична централа која беше пуштена во проба работа на 12 декември.
Завчера е извршен технички надзор и централата успешно работи со капацитет од 100 KW/h електрична енергија.
Ова е успешен пример на проектно ангажирање на една здравствена јавна установа во државата, со инвестиција обезбедена од сопствени средства, од работењето во својата основна дејност.
За овие 8 денови пробна работа фотоволтаичната централа има произведено околу 900 KW/h електрична енергија.
Со тоа, ЈЗУ „Психијариска болница Негорци“ Гевгелија е првата јавна здравствена установа во државата која обезбедува сопствена електрична енергија од обновливи извори, а тоа е сонцето, толку присутно на југот од државата, во топлата Гевгелија, со употреба на сончеви панели.
Целата инвестиција вклучително со надзорот вреди 3.000.000 денари и се очекува за помалку од две години истата целосно да биде исплатена со заштедите од финансии со употребата на сопствена енергија произведена од фотонапонската централа.
Повеќе од изјавата на директорот на ЈЗУ „Психијатриска болница Негорци“, Сашко Стојиловски.
Целиот проект е одобрен од Управниот одбор на болницата, а одобрена е и инвестицијата од сопствени средства на болницата за изведба на проектот – набавка и инсталација на фотонапонска централа за потребите на ЈЗУ „ПБН“ со која болницата ќе произведува зелена енергија за сопствените потреби за функционирање на болницата, во служба на пациентите и здравствената дејност која ја обавува.
ВИДЕО: Нова инвестиција вредна 2,7 милиони денари во Психијатриска болница Негорци