Дац и Александар, заедно со кралицата на македонската народна песна Вилоета Томовска предпразнично подготвија музичко уживање, како што велат тие „Срце да ви заигра“.
Песната „Заиграј со мене ти“, напишана од маестро Милан Завков отпеана од Виолета Томовска, овој пат возобновена но сепак со истата емоција, ја пеат Виолета, Дац и Александар и ја подаруваат на публиката.
– „Во чест и сеќавање на големиот автор и човек Милан Завков кој ја напиша музиката на оваа вечна песна “Заиграј со мене ти” со текстот на кралицата на македонската песна Виолета Томовска, посакавме и ја вративме Виолета на сцената, затоа што таа тоа го служува“ – велат Дац и Александар.
– „Се ближи нејзиниот 80-ти роденден па сакаме со оваа нова верзија да и’ посакаме, а и на сите вам убави желби за здравје во престојните празници и многу љубов во новата 2025. Навистина бевме фасцинирани од нејзината енергија, волја и љубов со која се вклучи“ – напишаа Дац и Александар на социјалните мрежи.
Овој фолк хит заживеа после 30 години со нов спот на јутјуб платфрмата, благодарение на вредната тројка.
– „Песната ја оживеавме за сите генерации – повозрасните да се потсетат, а младите да ја откријат“, велат Дац и Александар. Томовска, која ја сними песната со неверојатна леснотија, признава дека ова снимање ја врати во времето кога првпат работеше со Завков.
„Милан беше исклучителен човек и музичар, остави огромна трага во македонската музика. Додека пеев, сликите од 1990 година ми навираа пред очи“, сподели таа.
Оваа преработка, која почнува со оригиналната верзија од 1990 година, е вистинска почит кон Завков и инспирација за новите генерации. Томовска со радост ја прифати идејата, велејќи дека тоа е чест и потврда за нејзината долготрајна кариера, која опфаќа над 1.000 снимени песни и голем број концерти низ светот.
Во духот на јубилејот, Томовска и понатаму останува симбол на македонската музика, носејќи ја својата страст и искуство како инспирација за идните генерации.