сабота, 13, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

IN MEMORIAM – Почина АТАНАС КАРТОВ (1966-2024)

Атанас Картов, актуелниот претседател на најстарата еснафска асоцијација во Гевгелија, Здружението на занаетчии на Гевгелија, почина доцна синоќа во 58-та година од животот

декември 23, 2024
in ФОКУС
IN MEMORIAM – Почина АТАНАС КАРТОВ  (1966-2024)
0
SHARES
7.9k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Атанас Картов, актуелниот претседател на најстарата еснафска асоцијација во Гевгелија, Здружението на занаетчии на Гевгелија, кое датира од минатиот век и брои над 350 членови, почина доцна синоќа во 57-та година од животот. Роден е на 26 декември 1966 година, а за три дена требаше да го слави 58-от роденден.

Беше познат еснаф во Гевгелија, занаетчија со златни раце, електричар, специјалист за авто електрика. Потекнува од учителска и еснафска фамилија од двете лози на своето семејство. Вредните раце и љубопитноста го насочија во продлабочување на неговиот професионален интерес, електрониката.

Related posts

Лишени од слобода тројца грчки државјани на ГП „Богородица“

Лишени од слобода тројца грчки државјани на ГП „Богородица“

септември 13, 2025
Министерот за култура Зоран Љутков во посета на Гевгелија и Дојран

Министерот за култура Зоран Љутков во посета на Гевгелија и Дојран

септември 12, 2025

Неговата максима беше дека „Светот може да напредува, технолошки, да се менува, но мајсторите се тие што ќе го управуваат“. Немаше проблем кој не можеше да го реши, па и да беше изум на новото време. Знаеше да каже: – „Нели има струјно коло, нели има шема, нели мора да протечат атомите за да се вклучи електриката, е тука доаѓа до израз проникливоста на мајсоторт!“.

Атанас Картов од минатата година застана на чело на Занаетчиската фела во Гевгелија избран од мнозинството негови колеги еснафи. Две години управуваше со најстарата занаетчиска асоцијација во Гевгелија застапувајќи ги правата на членовите – за својот занаетчиски членски влог да добијат максимална услуга од здружението, информативна, правна, стручна, финансиска.

Како претседател на Регионалното Занаетчиско здружение (за подрачјето на Гевгелија, Богданци и Дојран) имаше сви зацртани проекти за доброто на занаетчиите, но здравјето го спречи да ги дотурка сите до реализација. Не го заврши мандатот на Претседател на Здружението на занаетчии со отчетен говор, не го заврши работниот стаж со пензионирање, сега ќе им раскажува на ангелите на небото колку вредни еснафи има Гевгелија и колку тој се залагаше за фелата на која и припаѓа.

Беше сакан сопруг, посветен татко, мил дедо, човек од збор. Сите муштерии во неговата работилница ги завршуваше и со услуга, и со добар збор. Работата некогаш знаеше да ја заврши и за 2-3 минутки, ама муабетот со кафенце и мезе можеше да трае мераклиски долго. Оти, проблемот е решлив,  тука жичка, тука спојка, ама човечноста и домаќинскиот муабет со совети и споделени искуства беше богатството што го нудеше мајстор Атанас.

Мирно ти небо мајсторе!
Сега одмори во милоста Божја и поправи таму по некоја рајска кочија да не грми долу на Земјата, за да знаеме дека се’ е под конец подмачкако и функционално и во рајот, како што беше во твојата мајсторска работилница!

Ужаленото семејство со длабока тага известува дека одарот на Атанас, Насо ќе биде изложен утре 24 декември во Градската Капела од 11 часот, а погребот ќе се одржи утре во 12 часот.

Вечен спомен за тебе Aтанасе Насо Картов!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Протестот на Славија најголем од било кој до сега одржан во Србија

Next Post

ВИДЕО: Гевгеличанецот Кристијан Марковски на „Звезде Гранда“ отпеа за 5 гласа

Next Post
ВИДЕО:  Гевгеличанецот Кристијан Марковски на „Звезде Гранда“ отпеа за 5 гласа

ВИДЕО: Гевгеличанецот Кристијан Марковски на „Звезде Гранда“ отпеа за 5 гласа

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Ансамбл „Бојмија“ освои „Награда за извонредност“ на Меѓународен Фестивал во Романија

Ансамбл „Бојмија“ освои „Награда за извонредност“ на Меѓународен Фестивал во Романија

3 недели ago
Потресно збогување од Трифун Бучков – момчето кое почина од удар на гром во с.Негорци

Потресно збогување од Трифун Бучков – момчето кое почина од удар на гром во с.Негорци

2 години ago
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА МАЛИОТ ЈАКОВ

АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА МАЛИОТ ЈАКОВ

2 години ago
Македон – детето генијалец одговора за 120 секунди

Македон – детето генијалец одговора за 120 секунди

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Традиционално и годинава „Вкуси го југот“ во Гевгелија
  • Лишени од слобода тројца грчки државјани на ГП „Богородица“
  • Јован, најмалиот гевгелиски планинар се искачи на Кораб (2.764 мнв)

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Традиционално и годинава „Вкуси го југот“ во Гевгелија

ВИДЕО: Традиционално и годинава „Вкуси го југот“ во Гевгелија

септември 13, 2025
Лишени од слобода тројца грчки државјани на ГП „Богородица“

Лишени од слобода тројца грчки државјани на ГП „Богородица“

септември 13, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist