Празничната и викенд раздвиженост, можеби и опуштеност носи невнимание на патиштата додека се управува со возило. Таков е случајот со младиот возач кој утрово во Богданци повредил млад пешак.
Денеска (28.12.2024 г.) во 02:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „Хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.П. (21) од село Ѓавато, богданско, удрило во пешакот Т.И.(25) од Богданци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 25 годишниот пешак Т.И. од Богданци. Повредите се констатирани од страна на медицинко лице во Општата болница во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.