ВИДЕО и ФОТО: Веќе прераснува во традиција на сред плоштад на Новогодишната ноќ во Гевгелија да се приредува општонарoдна забава за дочек на Новата Година.
Така беше и синоќа.
Забавниот дел од програмата го пополнија фолк пејачот Ефто Пупиновски, „Милениум бенд“, „Либра бенд“, ЗГ “Внимание”, Европорта фест, Ѓорге Митров, Дејан Малзарков, одбран тим на локални изведувачи.

Гевгеличани не и’ оддеолеаја на атмосферата, се фатија на оро и го раздвижија ритамот на забавата.
Еве дел од настапите, Слободанка Арнаудова од „Европорта фест“, инаку победничка на фестивалот „Римини“ во Италија 2024 г.
За светол почеток на Новата година имеше и огномет кој го осветли небото над Гевгелија.
Гевгеличани уживаа во бесплатната 5 часовна забава и овде си посакаа Новата 2025 да биде среќна и благодатна за сите!