Тажната приказна на 10 годишниот Јован од Крива Паланка ја остави Македонија во солзи – „Ме боли стомакот зашто немаме храна ниту дома, ниту за на училиште!“ вели Јован. Негова новогодишна желба беше да имаат храна на маса за Новата Година и нешто благо, Панчо и Андреј му ја остварија желбата.
Панчо и Андреј по трогателна вест за семејството Станковски од Крива Паланка, веднаш наредниот ден заминаа да ги посетат во нивниот трошен дом и да се подружат со дечињата, братот и сестрата на Јован, кои им раскажаа за нивното секојдневие.😔
– „Им однесовме храна и намирници кои им беа потребни (благодарност до Жито Маркети), финансиски средства (онолку колку што можевме да си дозволиме) и пакетчиња на кои Грета, Леон и Јован најмногу се израдуваа ☺️
Во моментов најпотребен им е фрижидер за длабоко замрзнување, па ве замолуваме доколку некој е во можност да им донира.
Горан во моментов не е работо способен, но сопругата Силвана е, и многу би им значело доколку некој од Паланка може да ја вработи во некоја конфекција, гранапче или соодветно место за неа.
Ајде заедно да направиме сите деца да се безгрижни и среќни! – напишаа на социјалните мрежи ДНК.
Тие додадоа и број за контакт: 079 24 07 62 за секој кој ќе сака да помогне и организира донација за семејството кое е во социјален ризик.
Ве замолуваме да ја споделите информацијата, се со цел да стигне до што поголем број на луѓе.
Ви благодариме.🙏
Ваши,
Панчо и Андреј ❤️
УНИ БАНКА
Горан Станковски
Жиро Сметка: 240357012601383
Eве ја тажната приказна на малиот Јован кој има 10 години, што ја расплака цела Македонија. Нема соба, нема каде да учи, нема храна, гладен оди на училиште, за Нова Година сака да имаат храна и нешто благо. Има ли право ова дете да биде среќен? Секако дека има, но треба помош на ова семејство за да ги надмине своите здравствени проблеми, проблемите со немаштијата, создавање услови за нормален живот.