Антонио Каракабаков има само 12 години и веќе е нова надеж за македонската атлетика.
Во текот на 2024 година настапи на 18 трки од републички и меѓународен ранг и секаде освои трофеи за прво, второ, или трето место, најнаградените подиуми во секој спорт.
Последното негово достигнување е освоеното ТРЕТО место на Балканското првенство за јуниори во Софија, Бугарија. Овде во силна меѓународна конкуренција на јуниори до 14 години, тој се избори за третото место, победувајќи и поголеми, и постари, и поискусни деца атлетичари од себе, на трка од 600 метри.
Со тоа овој млад и надежен атлетичар од југот се квалификуваше за Европско првенство, што треба да се одржи во Будимпешта во Февруари 2025 година.
АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – 3то место на Балканско Првенство во Софија
Антонио е ученик во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково. Локалната публика го знае како ПОБЕДНИК на детската трка на „November Run 2024“ на траса од 1000 метри, за машки.
Има учествувано на трки во Струга, Кавадарци, Прилеп, Скопје, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија. Секаде се изборува за подиум меѓу првите тројца најуспешни.
Најуспешна трка за Антонио и за неговиот двегодини матичен клуб АК „7 Ноември“ беше трката одржана на Денот на независноста на Македонија, 8 септември, кога во грчкиот град Лутраки на детската трка младите атлетски сили на Гевгелија ги завзедоа сите први три места: Антонио – Прво место, Томче Петков – второ место и Петар Пајдаков,- трето место, сите жители и ученици од Стојаково.
Бидејќи атлетиката не е само детска желба за трчање, туку и спорт, Антонио со своите резултати го привлече вниманието на АК „Аеродром“ од Скопје и од декември стана нивен член. Причината е едноставна – Антонио со боите на АК „Аеродром“ ќе се натпреварува за Македонија, а неговиот резултат ќе се бодува во Македонската Атлетска Федерација.
Талент препознаен и поттикнат за нов напредок и нови успеси.
Антонио Каакабаков – најуспешен јуниорски атлетичар за 2024 година за Гевгелија, Богданци и југот на Македонија!
Нека ти се честити успесите јуниорски прваку!