недела, 1, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Влатко Семенаков – најуспешен спортист од Гевгелија за 2024

Бројките сами кажуваат кој е прв меѓу првите спортисти во Гевгелија

јануари 4, 2025
in СПОРТ
Влатко Семенаков – најуспешен спортист од Гевгелија за 2024
0
SHARES
788
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Влатко Семенаков е активен атлетичар, по професија е дипломиран професор по спорт и здравје и како таков ја остарува својата професионална стручност во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија. Член е на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија, каде освен спортски учесник е и тренер на младите атлетски надежи на Гевгелија во „Школата за атлетика“.

Годината што измина тој беше најуспешниот гевгелиски учесник на ултимативната маратонска трка “Punk’s Backyard Ultra” која се одржа во ноември 2024 на тркачките стази во Негорските Бањи Гевгелија истрчувајќи 18 кругови секој долг точно 6.706 km, или вкупно 120 километри за 15 часа и 38 минути.

Related posts

ПРВО место за Андреј Ристов на ДП по гимнастика и две Пофалници за две првоодделенки

ПРВО место за Андреј Ристов на ДП по гимнастика и две Пофалници за две првоодделенки

мај 28, 2025
ДВА Подиума за „Мотокрос клуб Гевгелија“ на БМУ ИЕ Шампионат во Босна

ДВА Подиума за „Мотокрос клуб Гевгелија“ на БМУ ИЕ Шампионат во Босна

мај 28, 2025

Никој до сега од гевгелиските атлетичари и од југот на Македонија нема истрчано толкава маратонска траса. Најблиску до резултатот на Семенаков е Дарко Прошевски со истрчани 12 кругови на ултимативната маратонска трка “Punk’s Backyard Ultra”, што е должина од 80,5 километри.

Влатко беше најуспешен гевгелиски атлетичар и на трката „November Run 2024“ што се одржа во Гевгелија, пристигнуајќи со 12-то време до целта, на трасата од 5.000 метри, која што ја истрча за 18 минути и 2 секунди, што е најдобро време од атлетичарите од Гевгелија, во севкупната македонска и меѓународна конкуренција. Следен на листата беше Насе Епов, но на 19-то место, а првите три места ги понесоа атлетичари од странство.
Влатко беше само 3 минути зад светската тркачка елита на патеката од 5 км на „November Run“, што е достигнување за почит.

Влатко со освојувачите на првите три места на трката од 5 км во Гевгелија – само 3 минути беше зад светската тркачка елита

Влатко Семенаков е успешен тренер и на спортските тимови во кошарка и ракомет во СОУ „Јосиф Јосифовски“. Годинава за зонските натпревари во конкуренција на средни училишта тимовите на ученици и ученички посебно во кошарка, посебно во ракомет освоија УБЕДЛИВО ПРВИ места. Своите противнички тимови ги декласираа на теренот, како вистински професионалци.

Семенаков со училишниот средношколски тим во кошарка – првакињите на Зонско во Македонија
Костадин Семенаков – Трофеј за II место „Детска трка 2024“

Влатко своите тренерски амбиции не ги заборава ниту дома. Неговиот најмал син на 6 годишна возраст Костадин Семенаков освои ВТОРО место на детската трка на „November Run 2024“ со време од 4:16 минути, на детската трка од 1 километар. Toa e голем напор за едно дете, а со правилен тренинг е победнички резултат што малиот Костадин го однесе на подиум каде високо го крена својот освоен пехар.

*********************************

Се’ на се’ Семенаков годинава имаше – Потполно успешна спортска година! Сумарните резултати го кажуваат селедново:

Реализирал 217 активни денови во спорт во текот на 2024 година (53% повеќе од 2023).
На сите трки кои учествувал, и домашни, и меѓународни истрчал вкупно 2.769 километри, што е за за 48% повеќе од минатата 2023 година.

Остарил вкупна елевација во текот на спортските настапи од 27.851 метар, што е точо 50% повеќе од лани.

Вкупното време кое го потрошил на тркачките стази изнесува 238 часови, а тоа е за 41% повеќе од 2024 година.

Ова се достигнувања за почит. Ако Вие не гласавте за спортистот на годината за 2024 за Гевгелија, бројките сами гласаа кој е прв меѓу првите.
Честитки за Влатко Семенаков и сето до сега постигнато!

 

Автор: Јованка Дојранлиева

ShareTweetShareSend
Previous Post

Најстарата личност на светот, Јапонката Томико Итока, почина на 116-годишна возраст

Next Post

Коледе – Тадиција која трае со години, а се организира во Гевгелија, Богданци, Дојран

Next Post
Коледе – Тадиција која трае со години, а се организира во Гевгелија, Богданци, Дојран

Коледе - Тадиција која трае со години, а се организира во Гевгелија, Богданци, Дојран

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Се роди и првата гевгеличанка во 2023 година – Борјана

Се роди и првата гевгеличанка во 2023 година – Борјана

2 години ago
Тројца атлетичари од Гевгелија ќе трчаат Ултра-Маратон за Тоше

Тројца атлетичари од Гевгелија ќе трчаат Ултра-Маратон за Тоше

8 месеци ago
ВИДЕО: Слободанка Арнаудова настапи на „Пиволенд“

ВИДЕО: Слободанка Арнаудова настапи на „Пиволенд“

8 месеци ago
Валентина Узунова – ТРЕТО место на „Чупино треил“ 2024

Валентина Узунова – ТРЕТО место на „Чупино треил“ 2024

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија
  • „РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае
  • Се запали локомотивата од воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија

Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија

мај 30, 2025
„РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае

„РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае

мај 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist