четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Фирмата „КОНТИ-Хидропласт“ Гевгелија меѓу ТОП-30 најголеми извозници од Македонија

јануари 8, 2025
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Фирмата „КОНТИ-Хидропласт“ Гевгелија меѓу ТОП-30 најголеми извозници од Македонија
0
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелиска фирма со почетоци од една алатничарска работилница, а со петдецениското постоење, веќе со години се реди меѓу првите македонски извозници со продор во Европа и светот – компанијата „Конти Хидропласт“.

Конти Хидропласт е извозно ориентирана македонска компанија, за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. Конти Хидропласт е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика.

Related posts

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025
Се’ уште активен, но ставен под контрола  пожарот кај Ѓавото

Се’ уште активен, но ставен под контрола пожарот кај Ѓавото

јули 2, 2025

По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територијата на Република Македонија, денес компанијата е извозно ориентирана и 95% од своите производи ги пласира на меѓународните пазари. за производство на полиетиленски цевки.

На почетоците „Конти Хидропласт“ својот успех го бележаа со прераснување во производна фирма, наместо малата семејна работилница, што е нивна семејна гордост, која деновиве е и Македонска извозна гордост.

Кога се етаблираа на пазарот како производен бренд успехот го мереа со тоа што успеваа да се најдат во едицијата на 1000 најдобри фирми во Македонија.

Учеството на меѓународни Саеми е дел од деловната политика за извозен продор на производите на „Конти-Хидропласт“ во Светот

Подоцна со растот на производството и извозниот продор во соседството рангот го изразуваа со својот престиж да се најдат во 100-те најуспешни фирми во Македонија според остварените годишни приходи.

Пет години по ред „Конти-Хидропласт“ се наоѓа меѓу ТОП-30 најголеми извозни компании од Македонија.

Вкупниот извоз на ТОП-30ката за 2023 година (овој податок е достапен, зошто финансиската 2024 година уште не е пресметана со официјално доставени Завршни сметки во УЈП) изнесува 5.260.263.433 Евра, а вкупниот остварен приход во 2023 година за 30-те најуспешни извозни компании изнесува 6.158.847.681 Евра,

На оваа престижна листа „Конти – Хидропласт“ се наоѓа на 22-рото место со реализиран извоз 43.475.506 Евра и вкупни приходи во 2023 година 52.367.832 евра. (Податоците ги објави порталот izvoz.mk).

ТОП 30 најуспешни извозни фирми од Македонија – извор портал izvoz.mk

Друштво на листата му прават „Алкалоид“ на 5-то место и ИГМ -ТРЕЈД на 8-то место, како компании со македонски капитал.
На листата се наоѓа и Дојран СТИЛ од с.Николиќ, Дојран од областа на металопреработувачката индустрија со реализиран извоз од 72.477.882 Евра, што е пораст од 53,5% во споредба со 2022 година. Но, ова фирма е со странски капитал, од Грција.

Производниот комплекс на „Конти-Хиропласт“ Гевгелија – Индустриска зона Гевгелија

Извозниот бренд на „Конти-Хидропласт“ од Гевгелија под раководство на Борис Маџунков, е наследен бизнис од неговиот татко Димитар Маџунков, првиот производител во металската работилница, од 1975 година, па оваа семејна компанија освен извоз и девизни приходи за Македонија ја одржува и семејната грижа за околу 200 вработени во Компанијата.

Тимот на „Конти-Хидропласт“ – Димитар Маџунков, основач (трет од лево), Борис Маџунков директор (четврт од лево на десно) со инженерскиот тим на компанијата

Компанијата „Конти – Хидропласт“ веќе 25 години успешно ги применува практиките и стандардите за висок квалитет во своето производство ISO 9001. Tрендот на успех продолжува.

Гевгелиската фирма „Конти – Хидропласт“ е редовен саемски изложувач на меѓународни саемски манифестации каде ги изложува своите производи и производни новитети. Ова е видео од претставувањето на Саемот IFAT во Минхен, годинава.

Честитки за сето постигнато и за новото место на листата ТОП-30 најуспешни извозници од Македонија за 2023 година! Нека продолжи производниот бренд од Гевгелија, од Македонија, за Светот!

Статуетка за квалитет на производството по системот ISO 9001

 

Автор: Јованка Дојранлиева

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Сашо Мијалков снимен со црвено „Ферари“ во Монако

Next Post

СООПШТЕНИЕ на МВР: Внимавајте на телефонски измами од лажни институции

Next Post
СООПШТЕНИЕ на МВР: Внимавајте на телефонски измами од лажни институции

СООПШТЕНИЕ на МВР: Внимавајте на телефонски измами од лажни институции

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство, четири во критична состојба

Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство, четири во критична состојба

3 месеци ago
ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој

ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој

2 месеци ago
Сеул:  Северна Кореја разнесе патишта кон Јужна Кореја

Сеул: Северна Кореја разнесе патишта кон Јужна Кореја

9 месеци ago
Toмче Петков – ПРВ на детската трка во Катерини, Грција

Toмче Петков – ПРВ на детската трка во Катерини, Грција

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани
  • Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско
  • Се’ уште активен, но ставен под контрола пожарот кај Ѓавото

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

јули 2, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist