Ракометниот клуб од Штип „АСТИБО“ кој има 66 годишна спортска историја денеска потпиша договор за ангажман на младата ракометарка Благица Ступар од Нов Дојран.
Благица е родена 2007 година досега играше во ЖРК Гевгелија на бековска позиција. Таа е ученичка при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и активен и ревносен член на училишните тимови во ракомет и кошарка, со кои редовно победува на зонски, регионални и републички натправари.
Торпедната игра на Благица не остана незабележана од „ловци“ на ракометни таленти. Така таа, продолжува со ракометот од дресот на ЖРК „Гевгелија“ како најново засилување на ЖРК „АСТИБО“, со потпишувањето на договорен ангажман.
– „Таа е млада и перспективна ракометарка. Со своите квалитети и игра ќе даде голем допринос во екипата“ – не ги кријат своите надежи од раководството на „Астибо“.
Штипскиот ракометен клуб Астибо за пролетната полусезона во женската Суперлига се засили со Благица Ступар.
Астибо ја оствари првата цел, а тоа беше обезбедување на место во плеј-фот каде штипскиот клуб на првите два натпревари од плеј-оф сегментот забележа два порази. Пролетниот дел екипата на „Астибо“ го отвара против „Чаир“ каде ќе заигра и Благица. А во плеј-оф сегментот настапуваат против шампионот Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Куманово и Вардар.
Честитки Благица! Продолжи самоуверено со квалитетната игра, напредувај во спортот, спортската кариера и воопшто во животот!