Спасувачките екипи се’ уште трагаат по настрадани и по еден ден по пожарот што усмрти најмалку 76 лица во 12-катен хотел во ски-центар во северозападна Турција.
Најмалку 51 лице е повредено во пожарот во хотелот Гранд Картал во Карталкаја, во планините Короглу во провинцијата Болу, на околу 300 километри источно од Истанбул.
Пожарот се случи непосредно пред почетокот на двонеделниот зимски распуст за училиштата, кога хотелите во регионот се преполни.
Türkiye ski resort hotel fire death toll hits 10 – Interior Ministry
A fire at a hotel in a ski resort in northern #Turkiye killed 10 people and injured 32, Interior Minister Ali Yerlikaya said on X.
The building in the #Kartalkaya resort in the northern Turkish province of… pic.twitter.com/tl3yiECg9m
— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) January 21, 2025
На поцрнетите прозорци од објектот се уште може да се забележат чаршафи, кои гостите ги користеле во обид да ја избегнат стихијата.
Во хотелот за време на несреќата имало 238 регистрирани гости.
Пожарот во хотелот Гранд Карталкаја бил пријавен во Ургентниот центар во 03:27 часот на 21 јануари
Bolu Kartalkaya Kayak Merkezi’ndeki Grand Kartal Oteli’nde çıkan yangında ölü sayısı 6’ya yükseldi, 31 yaralı var.
Yarıyıl tatili nedeniyle yüzde 90 dolu olan otelde 237 kişi vardı.
Yangın 4. kattaki restoranda başladı. #Bolu #Kartalkaya #GrandKartal pic.twitter.com/khwg2Yi5w6
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Владата назначи шест обвинители да ја водат истрагата за пожарот, за кој се верува дека започнал во делот на ресторанот.
До сега девет лица се приведени во рамките на истрагата изјави турскиот министер за внатрешни работи Јерликаја, а министерот за правда, Тунч, соопшти дека меѓу нив е и сопственикот на објектот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека среда, 22 јануари, е прогласен за ден на национална жалост за жртвите од пожарот.