Општина Дојран се поднови со ново возило за метење и миење на улиците со определба градот и општината од туристичкиот југ да бидат чисти и уредни.
Градоначалникот Анго Ангов не го криеше новитетот:
– „Денес во нашата општина пристигна новото, модерно и мултифункционално возило за метење и перење под висок притисок на улици, тротоари и други јавни површини со капацитет од 4,5 m3 и резервоар за вода од 3.500 литри“.
Возилото е набавено во соработка со Бирото за регионален развој (БРР) и Општина Дојран. Целиот износ на набавката изнесува 5.778.003 денари од кои 4 милиони денари се преку БРР, а 1.778.003 денари е учество на Општина Дојран.
Целта на набавката на ова специјализирано возило е подобрување на хигиената и чистотата на јавните површини и улиците во Општината.
Градоначалникот на опптина Дојран Анго Ангов денеска ги прими клучевите од новото возило, најавувајќи дека е ова важна инвестиција „За чист Дојран“.