Градежната механизација денеска раздвижена на улицата „Ѓоко Тутушев“ во Гевгелија – се става нова асфалтна постилка на улицата.
Граѓаните чии куќи гравитираат на оваа улица пресреќни:
– „Ајде ајдееее. Улицата ни ја асфалтираат. Браво за граѓаните, комшиите кои јуначки издржаа! После 60 години нов асфалт“ – коментира Оливера Станковска.
– „Ајде аирлија нека е. Ѓоко Тутушев. После 60 години асфалт, нов“ коментира авторот на видеото.
Радосните станари чии куќи излегуваат на улицата „Ѓ.Тутушев“ велат дека од радост за да оди работата ги почестиле работниците од изведувачката фирма утринава со чај, а потоа и со кафе. Заедно си посакаа во недела да играат оро „да ја зановат за арно улицата“.
Оливера направи „Историја на движење“ на изгледот на улицата, додавајќи дека „Сега на ред е нашата свест и граѓанско однесување. Паркирајте си ги автомобилите и џиповите во дворот. Улицата ја личи чиста и проодна“.
Нека им е со среќа на жителите од ул. „Ѓоко Тутушев“!