сабота, 12, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЖИВОТЕН СТИЛ

Прва изложба на Иванка Ивановска, уметницата од с.Серменин

Остварен сон - отворена самостојна изложба на уметницата Иванка Ивановска на нејзиниот 80-ти роденден по повод 25 години самостојна уметничка дејност

јануари 26, 2025
in ЖИВОТЕН СТИЛ, МОЗАИК, ФОКУС
Прва изложба на Иванка Ивановска, уметницата од с.Серменин
0
SHARES
731
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Остварен сон – отворена самостојна изложба на уметницата Иванка Ивановска на нејзиниот 80-ти роденден по повод 25 години самостојна уметничка дејност.

Иванка нашите читатели ја запознаа од интервјуто во септември кога ја откривме уметницата која четири месеци во годината живее и твори во планинското село Серменин, на Кожуф планина и овде од природата и опкружувањето, од селскиот амбиент на едно време, ја црпи целта инспирација за нејзиниот уметнички израз.

Related posts

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025
Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

јули 11, 2025

Во својот творечки опус веќе четврт век беше верна на својата уметничка пасија, чувајќи ги делата за себе и подарувајќи ги само на блиски луѓе од своето секојдневие, од серменинското маало, без да посака да продаде нешто од нејзините платна, ниту со определба така да стекне средства за да направи своја самостојна изложба.

Знаејќи го нејзиното кредо, да работи, а не да изложува, да поклонува свои дела, а не да продава, на патот кон заборавот и’ се испречија нејзините деца, снаи, внуци: Борјан, Матеа, Стефан, Тања, Македонка и Влатко кои ја организираа и подготвија Првата самостојна изложба на нивната сакана, мајка, свекрва, баба Иванка Ивановска.

Изложените дела на Иванка Ивановска – Прва самостојна изложба во Скопје

Изложбата се одржа од 14 до 21 јануари во кафетеријата „Концепт 37“ во Скопје каде на ѕидовите на угостителскиот објект беа изложени делата на Иванка. Овде скопјани и гостите една недела се дружеа на кафе средби со пријателите и уметноста на уметницата од Серменин.

Ивнка во друштво со дел од посетителите при отварањето на изложбата

Иванка Ивановска, родена во село Серменин 1945 година, исселена 1952, а повторно му се враќа 2009 година каде гради куќа на татковото земјиште кое било нива со лозје.

– „Доаѓањето во Серменин за мене беше враќање кон моите корени, зошто Серменин е местото каде се родив, местото на мојата мајка, а Скопје каде што живеев и работев 35 години е моја маќеа. Овде времето го исполнувам со сликање. Имам свое работно атеље и преку 100 создадени дела. Инспирација ми е околината, селото, овдешните жители, старите селски куќи, цвеќињата кои ги собирам по полето, камењата, реката која секој ден ја слушам како жубори. Ова е богатство од живот кое ме крева да станам, да живеам, да творам, да создадам нешто кое многу радо го подарувам на луѓето со кои се дружам, или на дојденци во селото со кои се запознавам“.

80 роденден – торта со украсен штафелај за сликање

Изложбата како уметнички настан беше збогатена и со роденденска забава на уметницата Иванка која на денот на отварањето на изложбата 14 јануари полнеше 80 години. По тој повод и’ беше подарена торта на која имаше поставен штафелај, со посвета за целиот нејзин креативен опус и да продолжи да твори за свое задоволство и на задоволство на публиката која конечно ја откри и се запозна со нејзината уметност: старите серменински куќи, „Девојката со душа“, природата во серменинското опкружување…

Иванка вели дека била пресреќна од настанот, од изнанадувањето од своите мили и по завршувањето на изложбата повторно ги спакувала своите дела, останувајќи и понатаму со определбата на Ван Гог, се’ да сочува без да продаде ниту едно свое дело.

За спомен и сеќавање на нејзината прва изложба и уметничка промоција пред публиката ќе и’ остане Каталогот од изложбата во кои се содржани 30-на нејзини дела, со наслов, колоритот и опис за уметничкиот.

„Никогаш не е доцна“ да се промовира квалитетот и тоа што го имате, умеете, го создавате, па ни 80-те години живот не ја спречија Иванка да се радува на единственото на кое уметниците најмногу се радуваат, а тоа е своја самостојна уметничка изложба.

Па, годинава и посакуваме полно инспиративна работа, насликани платна, и нова изложба за следниот роденден!
Честитки Иванка!

Селото Серменин – стара куќа и црквата
Девојка – изложена слика на изложбата од Иванка
Омилена слика од Ван Гог, која била прв предизвик за цртање на Иванка, ова дело беше изложено на изложбата во Скопје
„Цвеќе“ – мрсен пастел – 2020
„Серменин, Кожуф“ – масло на платно – 2020
„Дама со цвеќе“ – масло на платно, 2019, Иванка Ивановска

Ве потсетуваме на нејзиното интервју дадено за GevgelijaNet.com

Иванка Ивановска – уметницата од с.Серменин

ShareTweetShareSend
Previous Post

Четири награди за „Мотокрос Клуб Гевгелија“ од МФСМ за 2024

Next Post

ВИДЕО: Започна 24 часовна блокада на Автокоманда во Србија

Next Post
ВИДЕО: Започна 24 часовна блокада на Автокоманда во Србија

ВИДЕО: Започна 24 часовна блокада на Автокоманда во Србија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Откриено спомен обележје за загинатите од „Диво насеље“

Откриено спомен обележје за загинатите од „Диво насеље“

2 години ago
Тешка сообраќајна несреќа на патот Богданци-Гевгелија

Тешка сообраќајна несреќа на патот Богданци-Гевгелија

11 месеци ago
Гевгеличани ја испочитуваа Духовденска Задушница

Гевгеличани ја испочитуваа Духовденска Задушница

2 години ago
Делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште

Делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ
  • Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог
  • Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025
Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

јули 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist