Синоќа 25.01.2025 во „Александар Палас“ Скопје се одржа свеченото прогласување на победници во „Мото Крос“ и „Брзински Моторциклизам“ од страна на Моторциклистичката Федерација на Северна Македонија.
Мотокрос Клуб Гевгелија се закити со 4 награди во Мото Крос, а тоа се:
– ТРЕТО место во генерален пласман на клубови за 2024 (2022 и 2023 бевме втори),
– Драган Димов, дебитант со вице-шампионска титула за 2024 во класата МХ50;
Драган наредната натпреварувачка година ќе премине во посилна класа каде ќе вози мотор од 65 кубни цантиметри.
– Иван Цековски за прв пат во својата кариера постигнува голем успех и исто така освои вице-шампионска титула во класата МХ2, во која се натпреварува со мотор од 250 кубни цантиметри..
– Димитар Маџунков се закити со 3-то место во класата МХ во која се натпреваруваше со моторцикл од 250 кубни цантиметри.
Гевгелиските мотокросисти горди на своите достигнувања вака ги оценуваат севкупните резултати, тимски и екипно:
– „Уште една година докажавме дека во нашата општина постојат квалитетни и брзи Мотокрос возачи кои носат јаки резултати со што допринесуваат за афирмирање на мото спортот кој за жал не е доволно популаризиран.
Овој успех повторно ќе ни’ биде мотивација за уште понапорни тренинзи кои што се неопходни за добри резултати. Ќе продолжиме и да ја одржуваме патеката Милци со сопствен труд и финансии се’ додека не греат ваквите успеси“ – изјавуваат од Мотокрос Клуб Гевгелија.
Честитки момци!