Планината е здравје, планината е запознавање. Планината носи нови познанства со природата, со животните, со дружината љубители на природата, со посетителите на висините.
Таква ретка прилика имаа најмалите членови на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија кои викендов имаа можност да сретнат магаренце пешачејќи по висините на Беласица, искачувајќи се’ до планинскиот дом „Караула Беласица“, а го посетија и кочулскиот „Ѓаволски водопад“.
Планината е дом на природата, животните, дрвјата и шумските плодови, а овде свој пат наоѓаат и локалните жители кои ја пресретнале групата на млади планинари.
На селфито се љубопитните деца кои се сликале со издржливото животно кое ја искачувало Беласица исто така успешно како и тие самите. Од лево на десно се: Никола Вучков (од Струмица), Ангел Карајков, Лара Џишева и Ангела Илиева (тројцата од Гевгелија).
Радоста на малите е несекојдневна. Магаренцето беше кротко и ги прифати новите пријатели од југот, а најмераклиски со новиот познаник си помина Ангел Карајков кој се качи на магаренцето и направи селфи со него. За храброста на Ангел зборуваат неговите години, тој е првоодделенец и има само 6 години.
Ете доказ дека планината носи познанства.
Акцијата беше дел од годишните плански активности на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија.