Започна реконструкцијата на ул.”Сава Михајлов” во Гевгелија, се поставува асфалт, се пополнуваат ударните дупки низ улиците во градот
Топлиот јануари им погодува на градежните изведувачи да започнат со реализација за изградба и реконструкција на локални улици и патишта во општина Гевгелија, според истоимената Програма за 2025 година.
Денес се постави асфалтна подлога, а ќе следува и нов слој од асфал на оваа улица, од спојот со ул.”Деко Ковачев” до т.н. “полицајски згради”. Улицата се наоѓа северно од Градскиот пазар кај Бутик „Деликатес“.
Инаку, во градот на повеќе локации има раскопани дупки кои се третирани со кршење на неквалитетниот асфалт, а дополнително ќе бидат асфалтирани.
Такви дупки подготвени за пополнување со асфалт има на сите улици околу Градскиот пазар, на ул. „Петар Мусев“ и на други локации во градот. Се препорачува возачите да возат внимателно за да не ги оштетуваат подотовките за асфалтирање, ниту своите возила.