Сопственичка на приватна здравствена установа лажирала фактури кои ги наплаќала од Фондот за здравство
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.М.(40) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама во службата“.
Пријавената, сопственик на приватна здравствена установа, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2024, со поднесување на лажни фактури го довела во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија,.
По приемот на фактурите овластеното лице на Подрачна служба на ФЗОМ Гевгелија извршило одобрување на поднесените лажни сметки по што била извршена исплата на сметка на правното лице каде сопственичка е А.М.
На ваков начин наплатена е сума во износ од околу 359.000 денари по основ на поднесените лажни фактури.
За поднесената Кривична пријава против гевгелиската сопственичка на ПЗУ јави денеска МВР во Дневниот полициски Билтен. Кривичната пријава, според законот, треба да ја процесира Основното јавно обвинителство.