Гевгелиската „Пиљара кај кецот“ успеа од маалски снабдувач со земјоделски и овошни производи да стане и произодител на природно цедени сокови со кои гордо годинава учествува на Белградскиот земјоделски Саем.
Големината на успехот е што ова е мала компанија со големи амбиции и идеи, како на полето на понудата, така и на полето на изненадувањата на купувачите, со хуманитарни акции, со донаторски акции, со видео скечеви во кои ја објаснуваат постојаноста на својата работа.
Најповеќе се горди на природниот квалитет на нивните производи што ги нудат, кои поради секојдневната продажба, секојдневно се обновуваат и се свежи.
Годинава за прв пат настапуваат како саемски изложувачи на „Агро Белград“ каде ги презентираат своите природни производи, соковите од калинка „Pom Storm 100% natural“, и сокот од боровинки „True Blue’, ладно цедени од свежи плодови на калинка и боровинки.
Ако сте ги пробале знаете колку се убави, ако не посетете ги и купете ги нивните сокови кои после саемската презентација ќе ги пијат и граѓаните на Србија и Балканот.
На саемскиот штанд се Данило и Стефан Кецоевиќ кои ги презентираат нивните сокови со слоганот „Oд овоштарници во шише, 100% природни сокови“.
Овде се заедно со над 500 излагачи од Југоисточна Европа, производители на овошје, зеленчук, лозарство, земјоделски машини, семиња и други пропратни сектори од аграрот. Саемот трае од 31 јануар до 1. февруар 2025.