Семејството бара правда за Фросина, одговорност за убиецот Васил Јованов, одговорност на родителите, особено таткото Зоран Јованов, кои дозволиле нивниот наследник да стане криминалец и несовесен убиец, одговорност за судијката Даниела Алексовска Стојановска.
Не најдоа доблест да изразат сочувство до семејството туку бришеа профили на социјалните мрежи, обвинија од семејствотот на загинатата Фросина од Неготино, која беше прегазена на пешачки премин на булевар „Партизански одреди“, од алкохолизираниот престапник Васил, кој требало да биде во притвор поради дилање дрога. Наместо тоа тој дивеел со 130 км/ч низ улиците и, последица е прегазувањето на Фросина.
– „Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој да не му се повтори“ – порачаа од семејството Кулакови.