Спортскиот ентузијаст и минатогодишен победник во пинг-понг, Кристијан Бојмалиев од Негорци и годинава по втор пат го организираше пинг-понг турнирот „Negorci open 2025“ со интенција да прерасне во традиционален спортски настан.
На истиот беа застапени три натпреварувачки категории: ветерани 40+, женска категорија и бизнис лига, со севкупно 51 учесник.
Веќе се познати победниците и носителите на трофеи. Пласманот по категории е следен:
Бизнис Лигата
1. ПРВО место: Бојмалиев Кристијан и Петков Ангел со екипата на „Bojma Marketing Trade“ – Негорци
2. ВТОРО место: „Homemade“ – Негорци
3. ТРЕТО место: „Моки Мебел“ – Негорци
4. ЧЕТВРТО место: Гостилница „Мерак“ – Јосифово
Ветерани
1. ПРВО место: Сашко Ристов
2. ВТОРО место: Јован Туртуров
3. ТРЕТО место: Петков Ангел и Узунов Димитар
Сите носители на медал се од Негорци.
Женска Категорија
1. ПРВО место: Оливера Пејчиноска од Крушево
2. ВТОРО место: Ивана Грујич – Гевгелија
3. ТРЕТО место: Данче Лозановска
Бизнис лигата се одигра од 1 декември се до 1 февруари, а во неа настапија 15 бизнис екипи од општина Гевгелија, Богданци и Валандово.
Учесниците во категориите Ветерани 40+ и женските се натпреваруваа овој викенд и беа прогласени најдобрите.
Генерален спонзор на турнирот е Ресторан „Романса“ Прдејци, а Главни спонзори се „Илинден 2007“ Ице Калам и Тобако „ЛЕНИ“ – Гевгелија.
Наградниот фонд изнесуваше 30.000 денари, дополнително беа доделени награди од „Евротип“ и „Виталија“.
Организаторот Бојмалиев најавува уште два турнири на 8 и 9 февруари каде ќе има натпреварувачи од цела Македонија, а засега имаат најави и за меѓународни учества, со пристигнатата пријава за турнирот од Северен Кипар.
Богат спортски ден во Негорци. Им честитаме на носителите на трофеи од „Negorci open 2025“.