петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Ангелина Дојранлиева – најверна читателка (прво место) за 2024 при гевгелиската библиотека

Во текот на годината прочитала 88 книжеви наслови кои ги позајмила како редовен член на библиотеката во Гевгелија

февруари 7, 2025
in ФОКУС
Ангелина Дојранлиева – најверна читателка (прво место) за 2024 при гевгелиската библиотека
0
SHARES
905
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Годишнините, патроните, одбележувањата се повод за салдирање на постигнатото, за одбележување на успесите, оддавање признание на најуспешните.

Така библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија која е стожер на читателската култура кај гевгеличани, по повод одбележувањето на 153 годишнината од раѓањето на својот патрон, Гоце Делчев, оддаде признание на најверните свои читатели за минатата година.

Related posts

Градоносни облаци се истурија во Дојран

Градоносни облаци се истурија во Дојран

мај 7, 2025
Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

мај 6, 2025

Прва и убедлива носителка на најверен читател на библиотечниот фонд е Ангелина Дојранлиева, која минатата 2024 година прочитала 88 книжеви наслови кои ги позајмила како редовен член на библиотеката во Гевгелија.

Ангелина е млада вработена жена, сопруга и мајка на три деца. Како од сите обврски, професијата, домаќинството и мајчинството наоѓа време за својата љубов кон книгата? Прашање кое би си го поставил секој кој не троши толку време на читањето книги. Истото ја запрашавме и ние од GevgelijaNet.

– „Отсекогаш сум читала, и како ученичка, и како млада личност. Но интересно, љубовта кон читањето ја интензивирав додека бев бремена и откако се породив. Престојот дома, со диригираните обврски за приновата ми оставаше избор времето за одмор наместо во кревет да го поминувам со книгата. Тоа ми даваше спокој и нова енергија за се’ следно што ме чека со обврските со бебето и дома“ – вели Ангелина за GevgeijaNet.

Ја прашавме што е нејзиниот избор за читање, кои и’ се омилените автори. Како од пушка ги изрецитира:

– „Читам претежно балетристика, трилери, особено психо трилери. Овде би ги издвоила авторите Лусинда Рајли, Крис Картер и Себастијан Фицек, особено Фицек“ – нагласува Ангелина.

Таа својата навика ја продолжува и во 2025 година Во моментот го чита историскиот роман „Последната кралица“ од Гортнер, посветен на шпанската кралица Хуана.

Честа да го понесе признанието за најверен читател/ка на Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија и погодува. Вели дека во 2023 година таа го освоила третото место по број на прочитани наслови.

– „Продолжив да читам како дел од мојот ритуал со почетокот на секој нов ден. Не се борев за титула најверен читател за 2024 година, но ми е драго тоа. Едноставно уживав во читањето, особено наутро со првото кафе и навечер кога знам да се задлабочам и да не приметам колку часови од ноќта сум посветила на книгата“ – признава Ангелина.

На пригодната свеченост на доделувањето признание на најверните читатели на Библиотеката беа прогласени и второ и трето место по број на прочитани наслови од членовите на гевгелиската библиотека.

Тое се: Ирина Тошева (второ место) со прочитани 87 наслови и Андријана Вацев (трето место) со прочитани 77 наслови.

Трите носителки на прво, второ и трето место најверни читателки на гевгелиската библиотека за 2024 со директорот Стефан Марковски

Признанијата ги додели директорот на ЈОУ библиотека „Гоце Делчев“, Стефан Марковски.

Честитки за верните читателки!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Денеска повторно бојкот на маркетите, граѓаните избегнуваат пазарење кај нив

Next Post

„Правда за Фросина“ бараат граѓаните денеска на протестен марш во Неготино

Next Post
„Правда за Фросина“ бараат граѓаните денеска на протестен марш во Неготино

„Правда за Фросина“ бараат граѓаните денеска на протестен марш во Неготино

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

15 години од несреќата кај Блаце  и загинувањето на гевгелискиот Хектор

15 години од несреќата кај Блаце и загинувањето на гевгелискиот Хектор

2 години ago
Товарен воз излетал од шините кај Зелениково, Железничкиот сообраќај е во прекин

Товарен воз излетал од шините кај Зелениково, Железничкиот сообраќај е во прекин

6 месеци ago
Шаховскиот клуб Гевгелија организира прв  „Младинскиот Гранд При 2023″

Шаховскиот клуб Гевгелија организира прв „Младинскиот Гранд При 2023″

2 години ago
Пет членови на „Мотокрос Гевгелија“ ќе настапат на Државниот Шампионат во мотокрос 2024

Пет членови на „Мотокрос Гевгелија“ ќе настапат на Државниот Шампионат во мотокрос 2024

7 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал
  • ЛИДЛ ВРАБОТУВА!
  • Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

мај 8, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist