недела, 13, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Нов ветерен парк „ПЕРУН“ се гради кај Паљурци

Ветерниот парк Перун ќе се протега на 51,5 хектари на ридестиот терен меѓу селата Селемли и Стојаково, општина Богданци и ќе има пет турбини на ветер, секоја со капацитет од 6 MW

февруари 8, 2025
in ФОКУС
Нов ветерен парк „ПЕРУН“ се гради кај Паљурци
0
SHARES
1.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од 1 јули 2024 година на територијата на општина Богданци започна со изградба на нов парк на ветерни електрани „Перун“.

Ветерниот парк Перун ќе се протега на 51,5 хектари на ридестиот терен меѓу селата Селемли и Стојаково, општина Богданци и ќе има пет турбини на ветер, секоја со капацитет од 6 MW, (повеќе од двојно од ВП „Богданци“).
Засега се изградени (подигнати) 4 турбини, следува поставувањето на основата за последната 5-та ветерна турбина.

Related posts

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

јули 12, 2025
Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025

Висината на еден столб за ветерна турбина изнесува 115 метри, а дијаметарот на елисата со три лопатки која ротира е 170 метри. Површината која ја зафаќаат лопатките изнесува 22,698 метри квадратни.

Паркот„Перун“ има за 25 метри повисока ветерно-турбинска единица од ветерниот парк „Богданци“ инсталиран на Погана и за 50 метри поголем дијаметар на елисата.

Овие џиновски триподи (како во филмот „Војна на световите“ со Том Круз) ќе имаат инсталирана моќност да произведат 72,5 GWh (гига ват часови) годишно производство на електрична енергија.

Проценетиот животен век на производната единица е 25 години, а истите се од марката SG 6.0-170 „Simens Gamesa“.

Инвеститор на овој нов електроенергетски зафат во Богданци е словенечката фирма „ПЕРУН“ преку своја новооснована фирма со седиште во Скопје.

Поставување бетонска основа за ветерниот столб на Ветерниот парк „ПЕРУН“ кај Паљурци, 1 јули 2024

Обемот на работа на „Елнос Груп“ овојпат е поголем во споредба со претходните проекти во областа на енергијата на ветерот во Северна Македонија, бидејќи ни’ е доверена сеопфатната задача за изградба на новата 110 kV трафостаница Перун.

Во рамките на работењето , „Елнос Груп“  се вклучени и во изградба на електроенергетски капацитети кои ќе овозможат поврзување на турбините на ветер со електричната мрежа, вклучително и изградба на приклучен далновод 2×110 kV на четири километри, изградба на среднонапонска мрежа и на крајот, заземјување на турбината на ветер.

Инаку самиот старт на проектот беше успешен, а огромен предизвик беше транспортот на големите по габарит и димензии елиси и конструкциите на столбот, истите да се транспортираат во местото на инвестиционата градба.  За Богданци беше најголемиот товар кој поминал на нивната територија, за возачите на транспортните возила беше тест за вештина и умешност.

Една лопатка на елиса поминува на раскрсницата меѓу ул.„М.Тито“ во Богданци и улицата кај Спортската сала- Фото: К.Паунков
Оваа елиса патува до с.Селемли – долга е од „Драги-Ком“ до Спортската сала – Фото: К.Паунков
Тесните патишта и кривините се проблем – Фото: К.Паунков
Предизвик: Како да се фати кривината без да се оштети некој околен објект – Фото: К.Паунков

Ветровитиот југ повторно привлекува инвеститори за изградба на ветерни електрани. Подготвителните работи со регистрација на производно-енергетската инвестиција кај Регулаторната комисија започнаа во 2020 година, а се очекува ветерниот парк во близина на езерото Паљурци кај Богданци да почне со произвоство на електрична енергија во текот на оваа година.

ShareTweetShareSend
Previous Post

„Правда за Фросина“ бараат граѓаните денеска на протестен марш во Неготино

Next Post

ВИДЕО: Антонио Каракабаков постигна 2 лични рекорда на Атлетски шампионат во Србија

Next Post
ВИДЕО: Антонио Каракабаков постигна 2 лични рекорда на Атлетски шампионат во Србија

ВИДЕО: Антонио Каракабаков постигна 2 лични рекорда на Атлетски шампионат во Србија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка

Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка

2 години ago
Празнична Пожарна

Празнична Пожарна

3 години ago
Подароци и вредносен ваучер за првото новороденче во 2023 од општина Гевгелија

Подароци и вредносен ваучер за првото новороденче во 2023 од општина Гевгелија

3 години ago
ГОЦЕ И НИЕ

ГОЦЕ И НИЕ

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ
  • Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија
  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

јули 12, 2025
Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist