Два лични рекорда постигна денеска 12 годишниот атлетичар од Стојаково, Антонио Каракабаков, кој настапува во боите на Македонија на Национален атлетски шампионат што се одржува во Белград, Србија во Атлетската сала во Белград.
Време од 8 секунди и 34 стотинки беше потребно за Антониот да избие на прво место во трката на 60 метри во машка конкуренција за јуниори. Но тој трчаше вон конкуренција, како странски гостин, зошто тоа е атлетско Национално првенство на Србија. Со ова тој постигна личен рекорд на оваа траса.
Еве го тркот како стрела на младиот Антонио:

Истиот ден настапи и на трка од 800 метри и истата ја совлада со најдобро време од 2 минути, 25 секунди и 79 стотинки, со што изби на ПРВО место. Ова е повторно личен рекорд на Антонио на оваа должинска траса.
Ова тркачко торпедо од Стојаково до ноември минатата година настапуваше во боите на АК „7 Ноември“ од Гевгелија.
При крајот на минатата година Антонио потпиша договор за трансфер и тренира во Атлетскиот клуб „Аеродром“ Скопје кој има лиценца за меѓународни ранг настапи. Со овој клуб во текот на јануари Антонио беше на зимски подготовки за почетокот на атлетската натпреварувачка сезона и денеска докажа дека е во топ форма за трки, за успеси и за ПОБЕДИ!

Инаку, Антонио Каракабаков е најуспешен јуниорски атлетичар за 2024 година за Гевгелија, Богданци и југот на Македонија! Од 18 трки во 2024 година тој освои 18 трофеи, од кои сите со 100% победничка реализација на атлетските патеки.

На Националниот Атлетски Шампионат во Белград Антонио го придружуваше лично Претседателот на АК „АЕРОДРОМ“ Скопје, Даниел Киров.
Гордоста со двојната победа и остварените лични рекорди е голема.
БРАВО момче!