Вечерва во спортската сала „26 Април“ гевгелиски „Кожув“ ја победи екипата на КК „Гостивар“ со 91: 72 и се избори за влез во финале на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“.
После две победи, над МКК „Куманово“ вчера и вечерва над КК „Гостивар“ гевгелиските кошаркари ќе атакуваат за победничкиот пехар и покрај фаворитската улога на МЗТ Скопје. Шанските се на теренот и на самоуверената игра која ја покажаа и вечерва.
Ова е второ финале за „кожувци“ после 2015 година.
Најкорисен на теренот беше повторно Андрија Стевановиќ со постигнати 34 поени, со 7 скока за КК „Кожув“. Митревски со 15 поени беше најуспешниот стрелец кај гостиварци кои ги надминаа очекувањата со својот пласман во полуфиналето, бидејќи на турнирот влегоа како осми носител по ред.
КОЖУВ во ФИНАЛЕ! Браво момци!