На домашен терен пред домашна публика избраниците на Апостолов, кошаркарите на гевгелиски КК „Кожув“ вечерва атакуваат на првиот трофеј во клубската историја од Купот на Македонија.
Финалето од кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ ни носи спектакл во салата „26ти Април“ во Гевгелија каде вечер од 19 часот и 30 минути силите ќе си ги одмерат бранителот на трофејот МЗТ Скопје и на големо задоволство на домашната публика, домаќинот Кожув.
Кожув втор пат игра во финале по 2015 година, но годинава со амбиции да го задржи трофејот дома, во Гевгелија.
МЗТ од Скопски Аеродром е носител на титулата од 2023 и 2024 и би сакале да „врзат“ три победи во низа.
Тренерот на „Кожув“ Апостоли Апостолов вели дека не признава фаворити, овој пат шансата е на КОЖУВ.
– „Ние играме на домашен терен, играме за нашиот град и ќе дадеме се’ од себе“. Ако играме како вечерва (против Куманово) се’ е возможно против МЗТ Скопје“ – вели Апостолов.
На Кожув кој атакува на првиот трофеј во својата историја за историска вечер ќе му биде потребен „џокер“, а тоа несомнено е гевгелиската публика која и самите кошаркари ја доживуваат како „шести играч“ која ги бодри во клучните моменти и им дава ветер во грб до успехот. Навивачката група „Фнтоми“ веќе се екипира за клучниот финален натпревар.
Почетокот на натпреварот е закажан за 19:30 часот. Билетите се веќе во продажба по цена од 200 денари..