Лупчо Трајков и Пепи Михајловски од Гевгелија во отсуство на вториот носител на Светиот крст Даниел Анчев ја продолжуваат благородната мисија, со Светиот крст изваден од водите на Вардар за Водици да ги посетат сите домови во Гевгелија.
Мисијата им е голема – треба да однесат благослов за мир, среќа, љубов, разбирање и благород во сечиј дом. Ова е нивната порака која им ја посвети отец Љупче Миланов од името на Гевгелиското Архиерејско Намесништво откако запливаа во осветените води на Вардар и го изадија Чесниот крст од него. Се капеа во водите на Вардар, како Христос во Јордан пред повеќе од 2000 години кога беше покрстен од Свети Јован.
Лупчо Трајков и Даниел Анчев беа среќните носители на крстот на Водици во Гевгелија.
– „Така сакал Бог, и двајцата да го фатиме крстот во исто време. Затоа и двајцата сме носители негови, но овој пат Даниел е отсутен поради исполнување на своите обврски на факултет“- изјавија посетителите.
Вториот придружник на Лупчо е Пепи Михајловски, младо момче од Гевгелија кое 5 години по ред е дел од групата младинци кои запливуваат на Водици по крстот во Вардар кај Гевгелија. Вели до сега ја немал среќата да го фати крстот, но продолжува да учествува со групата пливачи на Водици, за здравје, знаејќи дека на овој ден и Исус се капел.
Пепи има и свој семеен идол кој го следи. Тоа е неговиот татко Сашко Михајловски од с.Марвинци кој успеал до сега 7 пати да биде носител на Светиот крст од водите на Вардар.
И оддадовме почит на иконата, на Чесниот крст, со прилог за храбрите момци и добивме благослов за мир, среќа и благород.
Примете ги носителите на Светиот крст со радост, зошто радост носат и Божји благослов!
