Млада жителка на Богданци се сомничи за кривично дело „Измама“ откако лажно се претставувала на социјалните мрежи со цел да прибави противправна имотна корист за себе.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Речиси цела година лажно се претставувала на социјалните мрежи со цел да прибави имотна корист.
Во периодот од 20.11.2023 до 25.09.2024 година, пријавената измамила 10 лица од Штип и Пробиштип со лажно прикажување на факти преку огласи на социјални мрежи дека поседувала станови за изнајмување во Штип, Скопје, Охрид и Република Грција. На тој начин ги навела оштетените однапред да уплатат одреден износ на трансакциска сметка или однапред да ѝ дадат пари на рака.
Кривичната пријава е поднесена до Основното Јавно обвинителство. Во информацијата што ја објави МВР не се наведува колкава сума на пари придобила А.Ј. со измама.