Двајца средновечни гевгеличани денот го започнале зад решетки поради дилање дрога
Утрово, на 19.02.2025 во 04:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода В.Ј.(41) и С.С.(45), двајцата од Гевгелија.
При преглед кај нив, кај В.Ј. биле пронајдени и одземени прашкаста материја, таблети и предмет со остатоци од прашкаста материја.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, јавуваат од МВР.