Место на изобилство, домашно произвосдство растено на чист воздух под Кожуф планина, на плодна почва во Ума, Серменин, Богородица, Прдејци, Гевгелија одгледано од искусни локални производители.
Нема трговска маржа, нема ДДВ, само чист производен труд на земјоделецот, одгледано со љубов и грижа да има храна за своето семејство, но и за тие кои ќе ја посетат неговата тезга на пазарот.
Вообичаена понуда за опеаната цветна Гевгелија е и цвеќето одгледано од локални производители.
Доаѓа март, а со него и пролетта, и Денот на жената, и убавиот расцветан ритам на природата.
Природата е здравје, а природната храна од понудата на градскиот пазар во Гевгелија е за сечие здравје.