Македонскиот борец Марко Трајановски е европски шампион во ММА.
Трајановски донесе злато за Македонија од Европското првенство во ММА кое се одржува во Белград, Србија од 14 до 23 февруари.
Нашиот натпреварувач во категоријата до 83,9 килограми во групата 13 на патот до првото место оствари четири победи.
Трајановски забележа победи против Георги Савов од Бугарија, Илин Давид од Романија, Доменико Вискуси од Италија и Тимур Руснак од Украина.
Еве го моментот на интонирањето на химната на Република Македонија во чест на новиот европски шампион:
View this post on Instagram
Возбудата е голема после победата. Ова е второ учество на Марко на ЕП, но годинава се закити со златен медал. ВИДЕО – секвенци од борбите на ЕП.
View this post on Instagram
Марко е од скопско Драчево, а тамошните жители се горди на него. Велат: „ДРАЧЕВО ИМА ЕВРОПСКИ ММА ПРВАК!“ Еве го Македонскиот Шампион во друштво со своите тренери.
View this post on Instagram
ММА е збир на боречки вештини кои треба да ги поседува еден спортист за настап во оваа категорија. Во овај спорт треба да поседуваш добро ниво на удирачки спортови или вештини (бокс, кикбокс, карате, муаи таи….) да поседуваш добро ниво на Граплинг техники (борење, џудо, Џиуџицу…) да поседуваш сериозно ниво на физичка и ментална спремност што доста тешко се постигнува и одржува.
Марко момче златно донесе прво ЗЛАТО за Македонија во оваа категорија.
Честитки!